Ф4 ЛШ: Магдебург го брани тронот, последниот танц на Хансен, тука се Кил и Барса, како и Начевски и Николов! (ФОТО)

327

Денеска и утре ќе се одржи 15-тиот Ф4 турнир во Лигата на Шампионите во “Ланксес Арената“ во Келн. Град и Арена која секогаш побудуваат убави сеќавања за нас по триумфите на Вардар во 2017 и 2019 година. Тоа е историја која вечно ќе остане во нашата меморија.

Магдебург, Алборг, Барселона и Кил. Тоа се полуфиналистите и најдобрите четири екипи во оваа сезона во ЛШ.

Image

Магдебург одбраната на тронот ќе ја започне денеска во полуфиналето против Алборг за кого ќе настапи и иконата на ракометот, Микел Хансен. Ова ќе биде негов последен танц, последна шанса да дојде до пехарот во ЛШ.

Хансен освои се што можеше да се освои во изминатите речиси две децении со Данска, но никако не успеваше да дојде до највредниот трофеј на клупски план.

Во второто полуфинале се среќаваат Барселона и Кил, гигантите на европскиот клупски ракомет. Каталонците во овој момент се големи фаворити, имаат одличен тим, веројатно се фаворити бр.1 и на турнирот, но зарем може некој така лесно да го отпише еден Кил. Не само што ќе игра пред своја публика, туку и поради фактот дека Кил низ историјата потврдувал дека знае како се играат вакви турнири, сепак Барса си е Барса.

Почнавме со Вардар, еве да завршиме повторно со Македонци. Имено утрешното големо финале ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, најдобриот судиски тандем во моментов во светот на ракометот.

Ни останува само да уживаме овој викенд во најдобриот ракомет.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – ПОЛУФИНАЛЕ

15 Ч: Магдебург – Алборг

18 Ч: Барселона – Кил

ПретходноНеверојатно: Лука Модриќ по деветти пат ќе игра на ЕП или СП првенство! (ФОТО)
СледноСаутгејт по бламажата со Исланд: Не сум загрижен за реакцијата на фановите!