Швјонтек ја продолжи доминацијата на Ролан Гарос

174

Ига Швјонтек е освојувач на титулата на Ролан Гарос откако во финалето ја совлада Јасмине Паолини со убедливи 6-2 и 6-1 и тоа е 21. триумф по ред на парискиот терен. Полската тенисерка беше шампионка во Париз во 2020 година, потоа трипати едноподруго 2022, 2023 и сега 2024 година.
Севкупно има пет титули на Грен слем турнирите (има и УС Опен во 2022 година).
Паолини која направи сензација со самиот пласман во финалето, изгледаше како спаринг партнер на фаворитката. Швјонтек имаше и серија од 10 гемови, а Паолини немаше против игра и буквално се распадна на мечот.

ПретходноАлборг го победи актуелниот првак и ќе игра во финалето од ракометната ЛШ
СледноПроблеми за Полска – Милик го пропушта ЕП