Барселона го отпушти Рожер Гримау

241

Рожер Гримау повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Барселона. Тој доби отказ по само една сезона во тимот, иако имаше договор до 2025 година, а причината се лошите резултати во Евролигата и елиминацијата од Реал Мадрид во АЦБ лигата.
Гримау минатото лето дојде на местото на Шарунас Јасикевичиус, но не успеа да ги подобри резултатите.
Во Евролигата, Барса беше елиминирана од Олимпијакос во четвртфиналето, а во домашното првенство испадна од Реал Мадрид.

ПретходноНајмногу досега: Дури 12 играчи на Барселона ќе бидат дел од ЕУРО 2024!
СледноДимоски: Штом игравме добро против Англија и Италија, можеме и против Чешка