Останува помалку од една недела до стартот на ЕУРО 2024, кое ќе се одржи во Германија. А за “панцерите“ за последен пат ќе игра легендарниот Тони Крос, кој по завршување на првенството ќе стави крај на играчката кариера. Тој веќе се прости од клупскиот фудбал, од Реал Мадрид, и тоа со нов пехар во ЛШ.
За шансите за тоа Германија да биде европски првак, Тони Крос за тамошните медиуми истакна:
“Кој ќе биде европски првак? Па, Германија! Сметам дека можеме да им се спротиставиме на нашите ривали. Одбројувањето веќе започна. Сакам да ги играм овие последни мечеви за Германија како што ги играв последните мечеви за Реал Мадрид“ рече покрај другото Тони Крос.