Ивановски постави нов државен рекорд и заврши на 29. место на полумаратонот во Рим

72

Дарио Ивановски постави нов државен рекорд во полумаратон на Европското првенство кое се одржува во Рим, Италија.

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки трката ја заврши со време од 1:04.01 часа. Ивановски со овој резултат постави нов национален рекорд подобрувајќи го своето најдобро време кое досега изнесуваше 1:04.45 часа.

Ивановски трката ја заврши на 29. место во конкуренција на 64 полумаратонци.

Победник на полумаратон на ЕП е Италијанецот Јеманеберхан Крипа кој патеката ја истрча со време од 1:01.03 часа.

ПретходноВаква ситуација Формула 1 нема видено 27 години
СледноТргнуваме по Дино Беадер Трајановски