Легендарниот Жозе Мурињо беше еден од гостите во Лисабон пред пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Хрватска, кој „коцкестите“ го добија со 2:1, а тамошните медиуми ја искористија приликата да поразговараат со познатиот селектор за Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.
Мурињо кој пред неколку дена го презеде Фенербахче смета дека европскиот шампион ќе бара пет селекции.
„Мислам дека сите мислиме исто, Португалија, Франција, Англија, Германија и Шпанија ќе се борат за титулата“, изјави Мурињо.
Актуелен шампион Италија?
„Италијанците го бранат трофејот, но не ги гледам повторно на врвот. Оваа генерација нема доволно талент да го направи тоа“, изјави Мурињо.
Тој се осврна и на почетокот на авантурата во Турција.
„Ми недостигаше да водам тим кој секогаш оди на победа. Мотивиран сум од борбата во која не сакам да загубам ниту еден бод, бидејќи тоа не беше случај во Рома, но ниту во Тотенхем“, изјави Мурињо. .