Благоја Милевски: Вакви мечеви ни требаат како со Чешка, за да напредуваме!

437

Утре нашата најдобра селекција ја очекува уште еден пријателски меч и тоа на гости кај силната Чешка. По поразот од Хрватска минатата недела во Ријека, секако дека се очекува подобра игра од нашиот национален тим утре.

Во пресрет на утрешниот меч кој се игра во Храдец Кралове со почеток од 18 часот, селекторот Благоја Милевски истакна:

Овие денови работевме на освежување на тимот. Добро е што сите се здрави освен Енис Барди кој не е со нас. За составот ќе видиме по последниот тренинг. Што да се каже за утрешниот противник. Кога сте учесник на едно ЕП тогаш тоа е доволен доказ за квалитетот. Мислам дека не очекува сосема различен противник од типот на Хрватска“ рече Милевски и продолжи…

Уверен сум дека само со вакви мечеви и вака силни ривали можеме да напредуваме. Да го видиме нашиот реален квалитет во моментов. Од некои работи со Хрватска не бев задоволен и тие треба да ги елиминираме. Одиме да го извадиме од себе максимумот, свесни сме дека е крај на сезоната и дека заморот е тука, како и проблемите кои што го имаат играчите во нивните клубови“ заврши нашиот селектор.

ПретходноМуарем Муарем повторно на клупата на Гостивар!
СледноСтоле Димитриевски: Сакаме подобар резултат, но мораме максимално да сме дисциплинирани!