Ваква ситуација Формула 1 нема видено 27 години

653

Британецот Џорџ Расел во Мерцедес го постави најбрзото време на квалификациите пред неделната трка за Големата награда на Канада, деветтата трка од светскиот шампионат во Формула 1, ја освои својата втора пол-позиција во кариерата на патеката Жил Вилнев во Монтреал со време од 1:12.000. Британецот возеше точно исто време како и ѕвездата на Ред Бул, Макс Верстапен, но прв го постави времето.

Ваква ситуација немало од 1997 година.

„Чувството е толку добро, толку многу труд е вложен во ова. Се надевам дека ова е почеток на нешто за нашата сезона и мислам дека е така. Ми недостасуваше ова чувство“, рече Расел. Од вториот ред ќе стартуваат пилотите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пијастри.

Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес е седми, додека дуото на Ферари, Шарлек Леклерк и Карлос Саинц ги зазедоа 11-то и 12-тото место.

 

ПретходноФлик во проблеми – не може да регистрира девет играчи за следната сезона!
СледноИвановски постави нов државен рекорд и заврши на 29. место на полумаратонот во Рим