Валбуена, Нани и уште една ѕвезда се големи желби на Гостивар

8292

Некогашните големи ѕвезди на францускиот и португалскиот фудбал, Матју Валбуена и Нани се потенцијалниз асилувања за македонскиот фудбалски прволигаш Гостивар. Покрај овие две ѕвезди на европскиот фудбал, управата на Гостивар е во преговори и со трета европска ѕвезда, чие име засега се држи во тајност.

Валбуена (39) последната сезона ја мина во дресот на Аполон од Лимасол, Кипар, додека Нани (37) ја заврши епизодата во Турција во дресот на Адана Демирспор. И двајцата се веќе во последните години од своите долгогодишни кариери, па доколку најдат финансиски бенефит, би можеле да ја прифатат понудата на Гостивар.

Преговорите наводно продолжуваат и следната недела, кога се очекуваат и конкретни информации.

Претходно„Марка“: Перез не запира, го договори трансферот на Вирц за следната сезона!
СледноНашите Македонци во Келн