Газдата на Рома сака да го купи Евертон

144

Сопственикот на Рома, Ден Фридкин е меѓу заинтересираните за купување на англиски Евертон, јавува Би-Би-Си. Според изворот, американскиот бизнисмен бара да склучи ексклузивен договор за купување на 94% од акциите на актуелниот сопственик на англискиот клуб Фарад Мошири.

MSP Sports Capital и локалните бизнисмени Енди Бел и Џорџ Даунинг, кои позајмија 158 милиони фунти, исто така се надеваат дека ќе го преземат Евертон. Мајкл Дел, извршен директор на Dell Technologies и Кенет Кинг од инвестициската компанија A Cap се исто така меѓу претендентите.

ПретходноЛапорт се враќа во Европа, на потег е Атлетико (М)
СледноИзненадување во баражот: Радовиш со гол од 9 метри обезбеди место во Суперлигата (ВИДЕО)