Неодамна Жозе Мурињо беше претставен како нов тренер на Фенербахче и се очекува овој тим да направи големи работи под негово водство. Тој со оваа екипа потпиша двегодишен договор и ќе заработува 10,2 милиони фунти годишно.
Дополнително, странските медиуми тврдат дека во неговиот договор има клаузула дека може веднаш да си замине доколку добие понуда од португалската репрезентација да стане нивни селектор.
Откако се појавија информации дека Мурињо сака да го доведе Рафа Силва во Фенербахче, тој реши да одговори на тоа прашање.
„Рафа Силва во Фенербахче? Тој е одличен играч, но слушам дека е многу блиску до потпис за Галатасарај“, изјави Мурињо.
Така, новиот тренер на Фенербахче откри ново засилување ни помалку ни повеќе од лутиот ривал Галатасарај.