Лапорт се враќа во Европа, на потег е Атлетико (М)

98

Атлетико Мадрид е решен да ги промени опциите за централен бек ова лето. Марио Хермосо и Стефан Савиќ ќе си заминат како слободни играчи, а се бараат соодветни замени. Според потврдени информации, тие се доближуваат до договор за Робин Ле Норманд од Реал Сосиедад, но тој нема да биде единствениот одбранбен играч што ќе пристигне на „Метрополитано“.

Според „Релево“, Атлети ќе потпишат со двајца нови централни бекови за време на претстојниот преоден рок, а Ле Норманд ќе биде нивна примарна цел. Во комбинација влегуваат Хинкапи од Баер Леверкузен и Кристијан Москера од Валенсија, но од денеска нова трансфер цел е и Ајмерик Лапорт. Лапорт минатото лето отиде за Ал-Наср, но 30-годишниот дефанзивец за околу 15 милиони евра би можел да се врати во Европа.

ПретходноПорзингис почнува од клупата на вечерашниот меч со Далас
СледноГаздата на Рома сака да го купи Евертон