Чешкиот репрезентативец Михал Садилек нема да оди на Евро 2024 поради бизарна причина. Имено, 25-годишниот Садилек заработил повреда при пад од велосипед и поради тоа нема да биде меѓу патниците за Германија.
„Садилек додека се возел со својот велосипед паднал и се здоби со повреда на потколеницата“, објави портпаролот на Чешката фудбалска федерација.
Овој играч од средниот ред беше во стартниот состав на Чешка на последниот подготвителен натпревар во петокот во победата над Малта (7:1). Садилек за репрезентацијата одигра 24 натпревари и постигна еден гол. Тој е член на холандски Твенте.