„Марка“: Перез не запира, го договори трансферот на Вирц за следната сезона!

394

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Баер Леверкузен го договориле трансферот на Флоријан Вирц за следната натпреварувачка година.

Според извори на „Марка“, 21-годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор со мадридскиот клуб во 2025 година. Забележано е дека двата клуба започнале преговори пред неколку месеци. Потенцијалната сума на трансферот би можела да изнесува и 150 милиони евра.

Претходно „Мундо Депортиво“ објави дека Вирц е најголемата трансфер цел на Барселона.

ПретходноМурињо со прогноза: Пет земји ќе ја бркаат титулата на ЕП, Италија нема талент
СледноВалбуена, Нани и уште една ѕвезда се големи желби на Гостивар