Муарем Муарем повторно на клупата на Гостивар!

1889

Откако Гостивар се раздели со Исмаел Аталан, кој го предводеше во пролетниот дел од минатата сезона во ПМФЛ, раководството на овој клуб одлучи довербата повторно да му ја даде на Муарем Муарем кој беше прв тренер во дел од есенската полусезона, а потоа беше и еден од асистентите на Аталан.

Ова е планот, ама ако се знае дека во Гостивар работите се менуваат од час во час сепак останува да видиме што ќе се случува ова лето, имено до стартот на новата сезона во ПМФЛ е дури за два месеци.

Инаку Гостивар денеска е хит во балканските медиуми по најавите од Македонија дека овој тим има намера да ангажира три фудбалски ѕвезди, се споменуваат Нани, Валбуена и уште едно име.

ПретходноИзненадување во баражот: Радовиш со гол од 9 метри обезбеди место во Суперлигата (ВИДЕО)
СледноБлагоја Милевски: Вакви мечеви ни требаат како со Чешка, за да напредуваме!