Шокантни 0:0 на “генералката“ на Франција во пресрет на ЕУРО 2024 и тоа против една Канада и тоа на свој терен во Бордо. Секако дека ова треба да го загрижи селекторот Дидие Дешамп, најмногуи поради лошата реализација, но и на проблемите во одбраната ако се знае и Канада имаше шанса да дојде и до целосна сензација.
Секако дека е поважно она што ќе се случува на претстојното ЕП, но се чини дека Франција и не е во којзнае каква страшна форма ако се знае со каков квалитет располагаат.
Инаку Килијан Мбапе, се шпекулираше дека бил повреден, во игра влезе во 77.минута со цел да помогне да се дојде до победа, имаше и шанса во 90+5., но сепак резултатот на крајот гласеше 0:0.