Одбојкарите на 15 јули ќе ги почнат подготовките за евро-квалификациите

92

Македонската одбојкарска репрезентација на 15 јули ќе се врати во сала и ќе ги почне финалните подготовки за настап во квалификациите за Европското првенство 2025. Селекторот Хари Наковски и Одбојхкарската федерација на Македонија деновиве го комплтираат планот на подготовките и одигрувањето на контрони средби пред двете августовски пресметки со Грузија на гости и со Грција дома.

Според утврдениот план, репрезентативците се собираат на 15 јуни во Маврово каде ќе се одработи првата фаза од подготовките. На овој собир освен составот кој Наковски го имаше на располагање за Златната лига 2024 треба да биде засилен со уште еден наш интернационалец, Александар Љафтов, кој треба сериозно да го засили тимот пред одлучувачките квалификациски дуели.

Македонија на 17 август во Тбилиси ќе ги почне квалификациите со натпревар против Грузија, а осум дена подоцна во Скопје (25 август) ќе ја пречекаме силната селекција на фаворитот во нашата група, Грција. Грција и Грузија со меѓусебен меч во Лариса на 29 август ќе го заокружат првиот августовски циклус од овие квалификации.

ПретходноНашите Македонци во Келн
СледноПланот на Чави е одмор, па Премиер-лига