Така е тоа. Кога ќе загубиш тогаш сите се виновни само не и ти, а кога твојата репрезентација ќе победи, па макар и на пријателска средба, со Шведска на гости, тогаш ти како селектор си најзаслужен, па макар тоа го кажал и на шега.
Ете тоа се случи вчера по мечот Шведска – Србија на пресот на српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси.
Тој прво се потсети дека Србија по 24 години ќе игра на ЕП, последен пат со него како капитен, а потоа малку се и пошегува:
„Успеавме да се квалификуваме, тоа е најважно. Очигледно е дека Србија чекаше 24 години на мене повторно да ја однесам на ЕП“ посочи Пикси.
Инаку Србија на ова ЕУРО 2024 е во група со Англија, Данска и Словенија.