Летото 2024 година ќе биде бурно на трансфери, веќе видовме врвен а тоа е трансферот на Мбапе во Реал Мадрид, но секако тоа нема да биде се.
Еден од оние кои би можеле да го сменат средниот ред е Антоан Гризман. Францускиот фудбалер има важечки договор со Атлетико до 2026 година, но има клаузула која лесно може да го оддалечи од стадионот „Метрополитано“.
Станува збор за ослободителна клаузула која изнесува 15 милиони евра, а токму таа клаузула привлекува голем број на клубови, дури и од Премиер-лигата, но и од МЛС лигата.
33-годишниот фудбалер имаше проблеми со повреди во вториот дел од сезоната, но целосно се опорави и се очекува да ги предводи Французите на Европското првенство.
Атлетико планира да го задржи, но голема главоболка е со споменатата клаузула која многу клубови се подготвени да ја платат.
Од друга страна, Гризман е среќен во Мадрид, но поради понуда што не може да ја одбие би можел да си замине.