Порзингис почнува од клупата на вечерашниот меч со Далас

289

Кристапс Порзингис повторно ќе стартува од клупата на вториот натпревар против Далас во НБА финалето кое продолжува вечерва. Центарот на Бостон се опорави од повредата на мускулот и одигра одличен прв меч во кој за 21 минута постигна 20 поени, 6 скока и 3 блокади.

„Бев целосно влезен во моментот. Не знаев дека постигнав 18 на полувреме. Само играв кошарка и се се случи сосема природно. Ваквите натпревари се најдобри. Кога времето лета. Си докажав дека сум подготвен“, рече Порзингис.

Центарот ја потврди намерата на стручниот штаб да ја задржи улогата и на вториот меч од финалната серија.

ПретходноЦ. Звезда и Партизан и следната сезона во Евролигата, но само ако платат по милион евра
СледноЛапорт се враќа во Европа, на потег е Атлетико (М)