Пријателски: Италија славеше против БиХ, Словачка го декласира Велс!

124

И вечерва се одиграа неколку пријателски средби во пресрет на ЕУРО 2024 кое почнува во петок. На стадионот “Карло Кастелани“ во Емполи, селекцијата на Италија со 1:0 славеше против БиХ. Стрелец на победничкиот гол беше Фратези во 38.минута.

Сепак селекторот Лучано Спалети не може да биде којзнае како задоволен од играта на своите избраници.

Словачка со 4:0 просто го декласира Велс и тоа со головите на Кучка, Боженик и Бенеш, додека Ампаду си даде автогол.

Грузија како гостин во Подгорица убедливо ја победи домашната селекција на Црна Гора со 1:3.

ПретходноВинициус го покажа и своето друго лице! (ВИДЕО)
СледноНеуспешна “генералка“: Франција само 0:0 со Канада, не помогна ниту “повредениот“ Мбапе!