Утре со почеток од 18 часот нашата најдобра фудбалска репрезентацја ќе го одигра својот втор пријателски меч во овој јунски циклус и тоа на гости кај силната Чешка. По убедливиот пораз во Ријека од Хрватска со 3:0, утре очекуваме подобро издание од избраниците на селекторот Благоја Милевски.
Доцна попладнево националите го одработија официјалниот треннинг на стадионот во Храдец Кралове, тренинг по кој ќе се знае и стартниот состав на Македонија за утрешната контрола со Чешка.
Така барем најави попладнево селекторот Милевски.