Столе Димитриевски: Сакаме подобар резултат, но мораме максимално да сме дисциплинирани!

111

Нашиот голман и капитен Столе Димитриевски за тоа што може да се очекува од утрешниот меч на гости кај Чешка, а по убедливиот пораз од Хрватска пред неколку дена, имаше свое видување.

Чешка е феноменален противник, репрезентација која ќе игра на претстојното ЕУРО 2024. По мечот со Хрватска имавме неколку дена за да направиме одредени корекции со цел да извлечеме што подобар резултат на утрешниот меч. Сакаме подобар резултат, ова за нас е последен пријателски меч пред следните квалификации. Мора да излеземе на терен со максимална дисциплина, само така можеме до подобар резултат“ рече покрај другото Димитриевски.

ПретходноБлагоја Милевски: Вакви мечеви ни требаат како со Чешка, за да напредуваме!
СледноДортмунд го испрати Ројс со специјално видео! (ВИДЕО)