Флик во проблеми – не може да регистрира девет играчи за следната сезона!

1034

Кога станува збор за финансиските проблеми, подобри денови на Барселона во моментов не се на повидок и прашање е како на крајот ќе се решат сите нивни проблеми.

Токму поради ова, како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона не може да пријави ниту девет играчи за следната сезона, а тоа сосема логично претставува голем проблем за раководството на овој клуб.

Барселона веќе неколку години има проблеми со парите, а последниве сезони наоѓа мрзливи начини како да заработи за да исполни се што бара Ла Лига од нив.

Така дури и ги продадоа правата на студиото на Барса, а направија и многу други работи во 2022 и 2023 година.

Сепак, Барселона повторно има проблем за т.н. „салари кап“ иако падна од 558 милиони фунти на 232 милиони фунти на почетокот на минатата сезона.

Како што пренесуваат Шпанците, Барселона до крајот на месецот мора да најде околу 130 милиони евра или ќе се најде во нови огромни проблеми кога е во прашање доведувањето фудбалери.

Но, тоа не е се бидејќи според Шпанците, Барселона не може да пријави ниту девет од 25-те играчи кои минатата сезона настапуваа за овој тим.

Роберто и Алонсо ќе станат слободни агенти на 30 јуни, а истиот ден ќе истечат и позајмиците на Кансело и Феликс. Исто така на тој ден Мартинез и Роке повеќе нема да бидат пријавени како играчи на Барселона бидејќи биле пријавени само една сезона.

Балте, Ламине Јамал, Пау Кубарси и Хектор Форт, сите ги чекаат своите први договори за постарите кои мора да бидат официјално одобрени од Ла Лига. Покрај тоа, Барселона се бори со челниците на Ла Лига за Гави, па прашање е како се ќе заврши кога е тоа во прашање.

Некои играчи како Ансу Фати, Ерик Гарсија, Клемент Ленглет и Сергино Деста се враќаат од позајмица и автоматски се регистрирани за следната сезона и нивните плати се сметаат за ограничувањето на „салари кап“.

Сите во Барселона се надеваат дека до крајот на месецот ќе најдат 130 милиони евра, а најголемите надежи им се во договорот со Најк.

ПретходноЧудото од дете Ендрик му донесе драматична победа на Бразил (ВИДЕО)
СледноВаква ситуација Формула 1 нема видено 27 години