Ц. Звезда и Партизан и следната сезона во Евролигата, но само ако платат по милион евра

454

Црвена звезда и Партизан добија покани за настап во Евролигата и во следната сезона.

Но, за да се случи тоа, а членовите на „Одборот“ на клубовите да гласаат за „црвено-белите“ и „црно-белите“, двата клуба треба да и платат по еден милион евра на Евролигата. Три четвртини од таа сума ќе одат за трошоци за лиценцирање, а една четвртина за пробни трошоци.

Бидејќи Париз го освои Еврокупот и има намера следната сезона да игра во Евролигата, тоа практично значи дека една од следните три екипи – Валенсија, Виртус или Алба – ја напушта Евролигата.

ПретходноЈуве и Наполи подготвуваат трампа на италијански репрезентативци
СледноПорзингис почнува од клупата на вечерашниот меч со Далас