Ибрахимовиќ: Јас сум жив доказ дека ништо не е невозможно

117
Фото: Svensk Fotboll/twitter

По поразот на Шведска на домашен терен од Србија со 3-0, навивачите останаа на трибините во „Френдс арената“ за да оддадат почит на славната кариера на Златан Ибрахимовиќ, кој се повлече од фудбалот на крајот од сезоната 2022/23.

Легендарниот поранешен напаѓач го зеде микрофонот и одржа говоор. 42-годишниот, сега поранешен фудбалер, е најдобар стрелец на сите времиња во Шведска со 62 гола во 122 настапи за националниот тим.

„Да го облечам дресот на шведската репрезентација како фудбалер е најдоброто нешто во животот. Носете го со гордост и љубов. Ја имав честа да бидам капитен на тимот. Од првиот ден добив љубов и поддршка, енергија, одлични спомени кои никогаш нема да ги заборавам. Ви благодарам многу од се срце. На помладата генерација сакам да им порачам… Размислете, ако немате сила да сонувате, потпрете се на моето патување и извлечете сила од него. Јас сум жив доказ дека ништо не е невозможно без разлика од каде доаѓате. Пред 25 години реков дека ќе бидам најдобар досега. Многу луѓе ми се смееја. 25 години подоцна можам да бидам тука и да кажам дека сум најдобар досега. Се надевам дека уживавте во мојата авантура“, изјави Ибрахимовиќ.

ПретходноТргнуваме по Дино Беадер Трајановски
СледноПоради неговата клаузула, Атлетико може да остане без Гризман