По голема драма Барселона се врати на тронот во Лигата на шампиони

278

Екипата на Барселона е победник на фајнл-фор завршницата оваа сезона, откако во финале го совлада Алборг со 30-31. Ова беше на кој правдата ја делеше македонската судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. За каталонскиот тим ова е рекордна 12-титула во Лигата на шампиони. На другата страна Микел Хансен не успеа на последниот меч да дојде до пехарот во ова натпреварување.

Ричардсон со осум гола беше прв стрелец, Мем имаше седум, Нилсен запишаосум интервенции, додека пак Перез де Варгас само три. На другата страна Хансен имаше осум погодоци, Ландин 12 одбрани.

Видовме одличен натпревар, шпанскиот тим во првото полувреме имаше водство од три гола на двапати (2-5 и 3-6), но на другата страна Алборг не дозволуваше овој меч да заврши со лесна и убедлива победа на противникот. По 9-11 пред одморот, данскиот состав се врати целосно, пред одморот поведе со 15-14, но Ричардсон на другата страна израмни на 15-15.

Во вториот дел беше израмнето, во еден момент Барселона водеше со два гола 20-22, но тоа траеше кратко, па предноста беше само еден гол. Во 54 минута, шпанскиот тим со два гола во низа, по промашувањето на Хангард успеа повторно да поведе со плус два (26-28). По одбраната на Нилсен, Цикуша зголеми на 27-30 и ја донесе Барселона на чекор до титулата.

Мем доби исклучување поради протест кон нашите судии, а Хансен го совлада Перез де Варгас за 28-30 во 27 минута. Алборг го искористи ова и гол на празна мрежа целосно се врати во мечот, беше 29-30. Двете минути со празен гол, данскиот тим максимално ги користеше, по новиот погодок за 30-31, Цукуша загуби топка, но Нилсен беше на вистинското место. Барселона не реализираше за сигурна победа, на Алборг му останаа 10 секунди за да изедначи. Мем доби исклучувања, а Хансен изведе слободен удар, ја погоди гредата за победа на каталонскиот гигант.

Претходно во битката за третото место, Кил го совлада Магдебург со 32-28.

ПретходноКарлито го “реши“ Зверев и го освои Ролан Гарос! (ВИДЕО)
СледноРомано: Тухел го одбил Јунајтед!