Од утре Новак Ѓоковиќ не само што нема да биде прв на АТП листата, тој нема да биде ниту втор. Познато е дека Јаник Синер како прв Италијанец во историјата ќе го запоседне врвот на АТП, но лоша вест за Новак е таа дека со победата во финалето на Ролан Гарос, сега Србинот падна на третото место.
Инаку познато е дека поради повреда Новак Ѓоковиќ мораше предвреме да го заврши турнирот во Париз, имено тој без борба му го предаде четвртфиналниот меч на Каспер Руд.