Кристапс Порзингис повторно ќе стартува од клупата на вториот натпревар против Далас во НБА финалето кое продолжува вечерва. Центарот на Бостон се опорави од повредата на мускулот и одигра одличен прв меч во кој за 21 минута постигна 20 поени, 6 скока и 3 блокади.
„Бев целосно влезен во моментот. Не знаев дека постигнав 18 на полувреме. Само играв кошарка и се се случи сосема природно. Ваквите натпревари се најдобри. Кога времето лета. Си докажав дека сум подготвен“, рече Порзингис.
Центарот ја потврди намерата на стручниот штаб да ја задржи улогата и на вториот меч од финалната серија.