Тргнуваме по Дино Беадер Трајановски

1620

„Спортспорт“ продолжува да работи во насока на промовирање на наши млади фудбалери кои се потенцијални младински репрезентативци на Македонија, кои за нашата јавност се енигма, но преку нашиот медиум добиваат должно внимание.

Во редот на потенцијалните наши младински репрезентативци денеска ви го претставуваме офанзивецот на НК Локомотива од Загреб, Хрватска, Дино Беадер Трајановски.

Се работи за момче родено 2010 година кое што настапува со генерацијата постари за својот клуб, и изминатата сезона забележа 26 мечеви и осум погодоци.

Според информациите на „Спортспорт“, се работи за ултра талентирано момче, на кое Хрватска сериозно смета, а со оглед на неговите настапи и статистика, не треба да зачуди, ако за брзо време тој не се пресели кај „поголемиот брат“, Динамо Загреб.

ПретходноИвановски постави нов државен рекорд и заврши на 29. место на полумаратонот во Рим
СледноИбрахимовиќ: Јас сум жив доказ дека ништо не е невозможно