Бадијала Дончиќ имаше трипл-дабл, Бостон направи уште еден чекор кон титулата (ВИДЕО)

196

Бостон го победи Далас Маверикс (105:98) во вториот домашен натпревар од финалето на НБА и поведе со 2:0 во серијата која се игра на четири победи.

Херој на важниот триумф на Селтикси е Холидеј. Тој постигна 26 поени со одлични 11/14 од поле, зад своето име додаде 11 скока, 3 асистенции, по една украдена топка и по една блокада. Сето ова го снајде без да загуби топка.

На другата страна Лука Дончиќ одлучи да се жртвува. Иако имаше најави дека поради повреда нема да настапи, сепак се најде на теренот. Словенецот блескаше, запиша трипл-дабл од 32 поени, 11 скока и исто толку асистенции, но тоа не беше доволно за Далас.

Кајри Ирвинг имаше 16 поени и 6 асистенции, но и очајни 7/18 од игра.

ПретходноТиквеш си закажа контроли со Шкендија, Струга ТЛ, Балкани, Гостивар…
СледноИ официјално: Синер го презеде тронот на Ѓоковиќ!