Новак Ѓоковиќ од овој понеделник падна од првото место на АТП листата и сега е трет тенисер во светот, а тронот го презеде Јаник Синер. По пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос, младиот 22-годишен Италијанец стигна до 9.525 поени, додека Карлос Алкараз е втор со 8.580 поени. Новак е трет и има 8.360 бодови, а на четвртото место е вториот финалист на Ролан Гарос, Алекс Зверев со 6.885 бодови. Данил Медведев е петти со 6.485 бодови. Топ 10 ја затвораат Андреј Рубљев, Каспер Руд, Хуберт Хуркач, Алекс де Минор и Григор Димитров.
Новак минатата недела беше 428. на врвот на АТП листата, а иако не е ни малку далеку од Алкараз и Синер и иако го држеше првото место последните 39 недели, многумина не веруваат дека ќе го видиме на врвот повторно. Но, сепак за тоа ќе одлучи српскиот тенисер.