Анчелоти: Реал Мадрид нема да игра на Светското клупско првенство

1207
ФОТО: FC Real Madrid/Twitter

По завршувањето на идната сезона, ќе се одржи Светското клупско првенство кое ќе биде во поинаков формат и ќе учествуваат 32 клубови. Тие ќе бидат распределени во групи што значи дека до пехарот ќе се стигнува со повеќе натпревари.
Досега европскиот првак стартуваше во полуфиналето и за трофејот играше два меча, сега ќе игра повеќе.
Клубовите ги добија финансиските планови за ова натпреварување и се незадоволни од висината на профитот од организаторите. За ова зборуваше тренерот на европскиот првак, Карло Анчелоти кој кажа дека нема да учествуваат на турнирот.
ФИФА понекогаш заборава. Играчите и клубовите нема да учествуваат на овој турнир. Еден натпревар на Реал вреди 20 милиони евра, а ФИФА сака да ни ја даде таа сума за целиот турнир. Ние, а верувам и други клубови ќе ја одбијат понудата“, изјави тренерот на Реал.

ПретходноКошаркарките на Петровски го освоија златниот медал на завршниот турнир М12
СледноШпански репрезентативец ќе биде првото летно засилување на Атлетико Мадрид