Ал Итихад од Саудиска Арабија може да му врачи отказ на својот тренер Марсело Гаљардо поради незадоволителни резултати на клубот. Аргентинскиот стручњак беше пред отказ уште пред еден месец, но ги доработи последните три натпревари од локалното првенство.
И покрај тоа Ал Итихад сакаат да го прекинат договорот на Гаљардо, но ако го сторат тоа ќе треба да му платат компензација од рекордни 30 милиони евра.
Екс-тренерот на Ривер Плата ги презема „жолто-црните“ минатиот ноември, а ги однесе до разочарувачкото петто место во првенството, ако се знае дека претходната сезона беа шампиони. На 33 натпревари тој има 15 победи, 4 ремија и 14 порази во сите турнири.
Дома Меѓународен фудбал Арапски клуб ќе ја плати најголемата компензација на тренер во историјата на...