Аталанта го враќа Заниоло на „чизмата“

139

Аталанта е сериозно заинтересирана за ѕвездата на Галатасарај, Николо Заниоло. Новинарот Алфредо Педула пишува дека двете страни имале првични контакти.

Заниоло минатата сезона беше позајмен во Астон Вила и веќе се врати во турскиот клуб. Виљареал би можел да биде потенцијална дестинација на Заниоло следната сезона, но крилниот напаѓач сака да почека со одлукатак, која може да значи и враќање во Италија во дресот на новиот освојувач на Лигата на Европа.

Фиорентина е исто така опција, но сè уште нема понуда од „виола“.

ПретходноКонтролата со Чешка е вистински предизвик за избраниците на Милевски!
СледноРадовиш доцна во ноќта го славеше неверојатниот подвиг против Пелистер 2 (ВИДЕО)