Баерн (М) постигна договор со дефанзивецот на Баер (Л)

183
ФОТО> Twitter/Bayer 04 Leverkusen

Баерн Минхен постигнал договор со германскиот репрезентативец Јонатан Тах. Централниот дефанзивец на Баер Леверкузен е една од главните трансфер цели на Баварците ова лето и според добро упатени извори, фудбалерот се согласил на трансфер во Минхен.

Раководството на германскиот гигант се договори со Тах за петгодишен договор, а „фарнацевтите“ веќе се информирани за желбата на дефанзивецот да се пресели на „Алијанц Арената“. Се очекува во наредните денови да започнат преговорите меѓу двата клуба околу трансфер сумата, која ќе се движи еѓу 20 и 25 милиони евра.

ПретходноИнтервју со Александра, мајка на Марко Божиновски: Пораката на турнирот е да живее младоста, насмевката да биде орудие за решавање на секој проблем!
СледноПријателски: Холандија доминираше со Исланд, Полска подобра од Турција