Борусија (Д) нема пари за да го купи Санчо

175

Европскиот вицешампион Борусија Дортмунд нема шанси да го задржи Џејдон Санчо и следната сезона. Англичанецот е во сопственост на Манчестер Јунајтед, но во последните месеци се зборува дека сака да остане во Германија. Тој забележа 21 настап и постигна 3 гола, играјќи клучна улога во пласманот во финалето на Лигата на шампионите, кое Борусија го загуби со 2-0 од Реал Мадрид.

Добрите игри на офанзивниот фудбалер ја наведоа управата да побара негов трансфер со траен договор, но од „Олд Трафорд“ инсистираат на најмалку 80 милиони евра – пари кои се премногу за Германците.

ПретходноСрбија со Никола Јокиќ оди на Олимпијадата во Париз!
СледноМакедонија поразена од Чешка со два многу спорни пенали (ВИДЕО)