Два порази и едно реми: Македонија не знае што е победа над Чешка!

195

Македонија досега во својата историја одиграла само три меча со Чешка, оваа денешната од 18 часот во Храдец Кралове ќе биде четтврта. Искрено не можеме да се пофалиме во однос на резултатите, кога традицијата е во прашање. Имаме два порази и едно реми, едниот пораз беше и тоа како катастрофален кога на 8 јуни 2005 година во Тепливце бевме декласирани со 6:1. Тогаш селектор беше Слободан Сантрач а единствениот гол за нашата репрезентација тогаш го постигна Горан Пандев и тоа за водство од 0:1. Овој меч беше во рамките на квалификациите за СП 2006 година.

За Чешка дури четири пати стрелаше Колер, а по еден гол постигнаа Росицки и Барош.

Во истиот циклус, само една година претходно на 17 ноември 2004 година, како домаќин Македонија загуби од Чешка со 0:2.

Инаку првата средба и тоа пријателска, против Чесите сме ја одиграле на 28 февруари 2001 година и тогаш беше 1:1.

На тој меч во Скопје стрелци беа Христов за Македонија и Кука за гостите од Чешка.

Имаме ли сили денеска да дојдеме до првата победа против Чешка?

Тоа ќе видиме некаде околу 20 часот кога ќе заврши мечот во Храдец Кралове.

ПретходноРадовиш доцна во ноќта го славеше неверојатниот подвиг против Пелистер 2 (ВИДЕО)
СледноРаководството на Баерн ја критикуваше преселбата на Мбапе во Реал