Македонија поразена од Чешка со два многу спорни пенали (ВИДЕО)

632

По убедливиот пораз од Хрватска (0:3), македонската фудбалска репрезентација загуби со 2:1 на денешниот контролен меч со Чешка во Храдец Кралове. Во последниот тест за Чесите пред ЕП и втора контрола ова лето за нас пред септемврискиот старт на Лигата на нации, видовме натпревар во кој домашните доминираа, креираа повеќе шанси за гол, но мошне сомнително дојдоа до победата, откако главниот судија од Словачка досуди два многу спорни пенали за победа на домашните, особено оној во 97. минута со кој домашните дојдоа до триумф.

Во првото полувреме домаќините беа убедливо подобри и успеаја да искреираат неколку добри шанси за отворање на резултатот. Првата опасност по голот на Димитриевски дојде во 19. минута, кога Цоуфал успеа да собере една одбиена топка, имаше отворен пат кон голот, но неговиот шут беше изблокиран од Муслиу.

Во 25. минута Шик погоди од офсајд, додека една бомба од Томас Соучек во 34. минута заврши малку над пречката од голот на Димитриевски.

По паузата, Чесите продолжија во сличен стил на игра, но и ние се обидовме малку да го преселиме тежиштето на игра кон средината. Сепак, по едно невнимание во шеснаесетникот, Муслиу малку го оттурна Соучек од себе, а судијата покажа на белата точка. Шик ја презеде одговорноста и во 60. минута ја донесе Чешка во водство од 1:0.

 

За наша среќа, само пет минути подоцна успеавме од првата шанса да израмјиме. Трајковски биеше од далечина со одлично ефе, топката удри во дирекот, на одбиената топка налета Алими и со глава ја смести во голот на Чешка за 1:1. Ова воедно беше и прв гол за Алими во дресот на Македонија.

 

Чесите притискаа до крајот на средбата, а ние нашата шанса ја чекавме од контранапади. Во седумминутното продолжение, Чешка доби уште еден подарок од судиите, кои досудија многу сомнителен пенал во 97. минута, а Барак погоди во мрежата на Димитриевски за 2:1.

 

ПретходноБорусија (Д) нема пари за да го купи Санчо
СледноУ19: Надежите претрпеа пораз од 2:0 на вториот тест со Грузија