Нов договор: Калиниќ уште три сезони во Звезда, ќе заработи 5 милиони евра

794

Никола Калиниќ и Црвена Звезда се договориле за соработка на три години, јавува „Спорт клуб“, а поранешниот српски репрезентативец би требало да заработи вкупно пет милиони евра.
Се чини дека тоа ќе биде последниот договор во кариерата на 32-годишниот кошаркар кој по завршувањето на неславната сезона во Барселона се врати во Звезда.
За Калиниќ ова ќе биде трет мандат во Звезда, првиот го имаше во 2014/15, вториот во 2021/22.
„Црвено-белите“ се активни на пазарот, а до сега ги донесоа Урош Плавшиќ, а ги продолжија договорите со капитенот Бранко Лазиќ и Рокас Гиедраитис. Како потенцијални засилувања се споменуваат Мајк Даум, Коди Милер-Мекинтаер, Ајзеа Кенан итн.

ПретходноСтартниот состав истиот од дуелот со Хрватска, само Костадинов место Миовски!
СледноМајорка го објави новиот тренер