ПОЛУВРЕМЕ: Чешка не држи под опсада, мрежите останаа празни

131

Полувреме без погодоци во Храдец Кралове, но со тотална доминација на домашната репрезентација. Македонија на пријателскиот меч со Чешка успеа да се одбрани во полувреме во кое Чесите не притиснаа, имаа неколку зрели шанси,но не успеаја да погодат. Ние се обидувме да парираме, но без вистинска закана кон домашниот гол.

Домаќините беа убедливо подобри во првите 45 минути и успеаја да испреираат неколку добри шанси за отворање на резултатот. Првата опасност по голот на Димитриевски дојде во 19. минута, кога Цуфал успеа да собере една одбиена топка, имаше отворен пат кон голот, но неговиот шут беше изблокиран од Муслиу.

Во 25. минута Шик погоди од офсајд, додека една бомба од Томас Соучек во 34. минута заврши малку над пречката од голот на Димитриевски.

Единствениот обид кон голот на Станек, нашата селекција го имаше преку Алими, кој се обиде од косо, но биеше право во домашниот голман.

ПретходноАрапски клуб ќе ја плати најголемата компензација на тренер во историјата на фудбалот
СледноСрбија со Никола Јокиќ оди на Олимпијадата во Париз!