Работнички може да добие специјална покана за АБА2-лига, но ќе треба да плати 25.000 евра

300

АБА2-лига во следната сезона ќе биде проширена на 16 клубови, велат последните информации. Принципот на потполнување остана ист. Одат два клуба од шесте републики на поранешна Југославија, а останатите четири места ќе бидат пополнети со покани од 25.000 евра.

Од Македонија сигурни места имаат актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје и Пелистер, додека следен на листата треба да биде Работнички. Раководството на „црвено-белите“ ќе може да аплицира најдоцна до 12-ти јуни, поточно до среда.

Во новата сезона нема да се игра турнирски, ќе се формираат четири групи со по четири члена и сите ќе играат меѓу себе. Двете најдобри екипи од секоја група одат во ТОП 8.

ПретходноПреговараше со Јунајтед, па се откажа: Тухел донесе изненадувачка одлука!
СледноСлучајот Тен Хаг ќе добие завршница оваа недела, Јунајтед има нов кандидат за негов наследник