Србија со Никола Јокиќ оди на Олимпијадата во Париз!

684

Никола Јокиќ летово ќе игра во дресот на Србија на Олимпијадата во Париз. Оваа информација ја потврди Кошаркарската федерација на Србија која го објави списокот на кошаркари повикани од селекторот Светислав Пешиќ.

„Јокиќ имаше намера да игра во Париз, само сакаше доволно време за одмор од напорната сезона во НБА лигата. Му требаше мир и отиде со семејството и пријателите да се одмори. Денеска го извести селекторот дека одлучил и сака да игр на ЛОИ“, пишуваат српските медиуми.

Србија го освои среброто на Светското првенство минатото лето, а во тимот го немаше Јокиќ.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Чешка не држи под опсада, мрежите останаа празни
СледноБорусија (Д) нема пари за да го купи Санчо