Репрезентативецот на Шпанија, Робин Ле Норманд ќе биде нов фудбалер на Атлетико Мадрид, пишуваат шпанските медиуми. Централниот бек кој имаше одлична сезона во Сосиедад се најде на списокот на шпанскиот национален тим за ЕП 2024, па интересот за него стана поголем.
Но Атлетико е во предност. Од клубот потврдуваат дека се интересираат за него, но нема да прифатат неверојатни услови поставени од баскискиот клуб.
Инаку тој има откупна клаузула од 50 милиони евра што е далеку од сумата што ја нуди Атлетико и другите клубови. Неофицијално фудбалерот ќе биде продаден за 30 милиони евра што е прифатлива сума за Атлетико.