Аталанта е сериозно заинтересирана за ѕвездата на Галатасарај, Николо Заниоло. Новинарот Алфредо Педула пишува дека двете страни имале првични контакти.
Заниоло минатата сезона беше позајмен во Астон Вила и веќе се врати во турскиот клуб. Виљареал би можел да биде потенцијална дестинација на Заниоло следната сезона, но крилниот напаѓач сака да почека со одлукатак, која може да значи и враќање во Италија во дресот на новиот освојувач на Лигата на Европа.
Фиорентина е исто така опција, но сè уште нема понуда од „виола“.