Шпанска Мајорка ја заврши сезоната на 15-тото место во Ла Лига и играше финале во Купот на кралот, меѓутоа на крајот раскина со тренерот Хавиер Агире. Неговиот наследник е баскиски тренер, а се вика Јагоба Арасате.
Тој е поранешен тренер на Осасуна, која ја водеше шест сезони, а под негово водство клубот играше и во европските купови за првпат по 16 години. Претходно беше во Нумансија и Реал Сосиедад.
Арасате потпиша договор со Мајорка до 2027 година.