Томас Тухел ја напушти клупата на Баерн на крајот од минатата сезона, во која германскиот гигант остана без трофеј. 50-годишникот беше поврзуван со бројни работни места, но на крајот реши да одмори следната година.
Во изминатиот период беше поврзуван со бројни клубови. Најмногу со Манчестер Јунајтед, но Тухел нема да стане нов менаџер на „црвените ѓаволи“.
Изненадувачки донесе одлука да не тренира следната година. Тој одлучи да земе одмор од работа и целосно ќе биде надвор од фудбалот.
Тухел со години е еден од најдобрите експерти на Стариот континент. Пред Баерн раководеше со Челзи со кој ја освои Лигата на шампионите, а претходно работеше во ПСЖ, Борусија Дортмунд и Мајнц.
Летово, покрај со Манчестер Јунајтед, повторно се поврзуваше со Челзи и Барселона. Сепак и двете екипи претходно ги решија тренерските прашања. Што се однесува до Јунајтед, Ерик тен Хаг тврди дека има поддршка од раководството, но тамошните медиуми велат дека сепак ќе биде сменет.