Пријателски: Холандија доминираше со Исланд, Полска подобра од Турција

102

Холандија со убедлива победа од 4:0 заминува на Европското првенство во Германија. Вечерва во Ротердам, „лалињата“ имаа одличен тест против селекцијата на Исланд победувајќи ја со одлична игра во двете полувремиња.

Водството на домашните им го обезбеди Хави Симонс со голот во 23. минута, а потоа Ван Дајк и Мален во вториот дел само ја потврдија убедливата победа. Во судиското продолжени ево листата на стрелци се запиша и Вегхорст.

Вториот контролен меч вечерва одигран во Варшава меѓу Полска и Турција заврши со победа на домашните од 2:1. Полјаците поведоа со голот на Свидерски во 12. минута, додека Турција израмни со погодокот на Јилмаз во 77. минута. Во финалните минути на средбата Залевски погоди за победа на домашната селекција.

ПретходноБаерн (М) постигна договор со дефанзивецот на Баер (Л)
СледноМамаду Сако ќе игра во Грузија