У19: Надежите претрпеа пораз од 2:0 на вториот тест со Грузија

143

По ремито (0:0) на првиот контролен меч во Тбилиси пред два дена, младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска на вториот тест со младите Грузијци загуби со 2:0.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ овој пат им дозволија на домашните фудбалери да го отворат резултатот уште во 19. минута, а потоа во вториот дел со втор гол и да ја потврдат победата.

Првиот гол за Грузија беше дело на Самушиа од пенал, додека вториот го постигна Амисулашвили на 20минути пред крајот на дуелот.

ПретходноМакедонија поразена од Чешка со два многу спорни пенали (ВИДЕО)
СледноМилевски: Требаше да бидеме похрабри