Верона се раздели со тренерот

65

Италијанскиот прволигаш Верона се раздели со тренерот Марко Барони. Тој го презеде тимот во јули 2023 година со едногодишен договор и опција за уште една, која не беше активирана, па така тренерот заминува.
Верона заврши на 13-тото место со 38 бодови и три над зоната за испаѓање.
Инаку Барони во кариерата беше тренер на Беневенто, Фросиноне и Лече. За негов наследник се споменува Игор Тудор кој неодамна доби отказ од Лацио. Тој во сезоната 2021/22 работеше како тренер на Верона.

ПретходноРК Бутел потпиша со Теодор Тодески
СледноОсвојувач на Тур де Франс и олимписки шампион прогласи банкрот